Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е првата и засега единствена политичка партија што ја потпиша Декларацијата за остварување на медиумската слобода во Република Македонија. Овој документ вчера беше потпишан и од медиуми, невладини организации, поединци и други субјекти.
„Сакаме да ја искажеме нашатa цврста определба за почитување и промовирање на принципиелни ставови во врска со медиумскиот сектор и потребата од негово реформирање, со крајна цел да се постигне посакуваната слобода на медиумите и правото на јавноста да биде информирана“ стои во Декларацијата.
Ставовите во Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка волја за слобода на медиумите, реформи на законодавството, финансиски услови и професиoнална работа на медиумите и новинарите.
Декларацијата е инцирана од „Транспаренси Интернешнал Македонија“ преку проект поддржан од страна на Европската Унија со инструментот за демократија и човекови права ЕИДХР.
Во име на СДСМ Декларацијата ја потпиша потпретседателката на партијата Фросина Ременски.