Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито – преименувано во Здружение „Титоисти“

Здружението на поддржувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито, е преименувано во Здружение „Титоисти“, од Охрид, како целосно независен огранок од партијата „Титови Леви Сили“.

За таа цел, во текот на минатата недела беше одржано и Основачко собрание на здружението, на кое присуствуваа триесет членови. Од нив, единаесетмина беа назначени во Управниот Одбор, и тројца во Надзорниот Одбор.

За претседател беше избран Радоја Митрески. Потпретседателската фунција ја презеде Димитрија Стојкоски – Лепи.

Новото здружение насоро ќе биде претставено и на прес конференција, на која што ќе бидат соопштени сите детали во однос на програмата за работа и на програмските активности.