Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија традиционално го одбележа Светскиот ден на штедењето

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес го одбележа Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, на свечена седница на којашто присуствуваа м-р Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, претставници на банките и штедилниците во Република Македонија, како и претставници на повеќе институции со коишто Здружението на банкарството има воспоставено одлична деловна соработка. Во своето обраќање, Коста Митровски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора…

повеќе...

19-то Изборно собрание на OO на СБ Охрид и Дебрца

Денес, Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца го одржа 19-то Изборно собрание. Во работна и свечена атмосфера направен е осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ; во изнаоѓање и на други форми на дејствување. Собранието ги избра работните тела на Организацијата – нов Општински одбор, Надзорен одбор и претседателство на Општинскиот одбор. Со едногласна одлука новоизбраниот Општински одбор на својата прва…

повеќе...

Здружението „Во твоја слава“ и овој Велигден со вредносни ваучери за 40 социјално загрозени лица и семејства од Охрид

Четириесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, и оваа година за Велигденските празници добија вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид. Како и минатата година, Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни бонови што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во централната продавница на „Стоп-Шоп“ во Охрид кај Музичкото училиште. Средствата за активноста на Здружението „Во твоја слава“ што се…

повеќе...

Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ ќе го одбележи празникот Свети Сава

Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ по повод празникот Св. Сава ги известува сите заинтересирани граѓани дека овој ден традиционално ќе се одбележи со сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, на 27ми јануари во 14:00 часот во ресторан „Белведере“. Сите заинтересирани можат да се јават кај мсекретарот на здружението за да го потврдат своето присуство.

повеќе...

Здружението „Титоисти” со честитка по повод 11-ти Октомври

Здружението „Титоисти” од Охрид упати честитка по повод 11-ти Октомври, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на Македонското тло и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, 11-ти Октомври! Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната Македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска Војна, денес толку склона на прекројување,…

повеќе...

Прво издание на манифестацијата „Ноќ на Виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се…

повеќе...

Членовите на ЗПММ со поддршка за СОКОМ-МАП

Од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) излегоа со поддршка за СОКОМ-МАП, откако Министерството за култура му издаде лиценца за колективно управување на ова Здружение, формирано од страна на Сојузот на композитори. „Тарифникот на СОКОМ-МАП предвидува ослободување од плаќање на надомест за многу дејности и намалување на средствата кои медиумите ќе треба да ги изготвуваат на име авторски права. Мора да се напомене дека медиумите нема да плаќаат на две здруженија, како што се проширија шпекулации по социјалните мрежи, туку ќе склучат договор со новото здружение кое ќе ги…

повеќе...

Утре ќе се прска против комарци во Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре, 14ти јули (четврток), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.…

повеќе...

Одбележан 20 јуни – Денот на формирање на ЗП Охрид и Дебрца и јубилејот 70 -години од СЗПМ

ЗП Охрид и Дебрца со пригодна свеченост го одбележа 20 јуни-Денот на формирање на здружението и јубилејот 70 -години од СЗПМ. Со рецитации и хумор за пензионерите, дедовците и бабите, се преставија членовите на Драмско-рецитаторската секција при ЗП Охрид и Дебрца, составена од ученици од сите етнички заедници од охридските основни училишта, под раководство на Ристана Мојсоска. Со една музичка точка на виолина се преставија и ученици од Музичкото училиште „Методи Патче“. Потоа следуваше врачување на подароци и Благодардници. Уметнички фотографии со мотиви на Охрид му беше врачена на СЗПМ…

повеќе...

Во четврток прскање против комарци во Охрид

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во четврток на 28ми април (четврток) ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци…

повеќе...