Согласно Програмата за вонредни активности, во делот од одржување на јавна чистота, екипите на „Јавна хигиена„ ги реализираа активностите за чистење на локалитети околу споменици и спомен обележја.
По повод празнувањата и свеченостите организирани за 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид се расчистуваа локалитетите: спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне) и Спомен паркот на револуцијата.