Првачиња од „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во Рамне

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, ученици од Прво 6 одделение од ОУ „Братство-Единство“ Лескајца го посетија споменикот на Јасна Ристеска во село Рамне и положија свежо цвеќе. Учениците беа предводени од наставничката Милка Стојаноска.

На учениците им беа прочитани стихови посветени на Јасна Ристеска, борец кој на само 16 години го загуби својот живот за слободен Охрид.

WebOhrid