Одбележан 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Струга

Денес, 8-ми ноември-70 години јубилеј слободен град Струга, беше свечено одбележан во Струга со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето на паднатите воини низ поколенијата за слободен град на претставници од политичките партии од Струга, СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општина Струга како и од Здруженија на граѓани од Охрид и Струга.

Во чест на денот на ослободувањето на Струга 8-ми ноември свое обраќање пред борците, продолжувачите и присутните граѓани имаше претседателот на ОО на СБ-Струга, Мемеди Ајредин. На свеченоста посебно се упати порака младите повеќе да се грижат за своите традиции и култура и да не ги забораваат слободарските традиции на борците кои се бореле за слободата на својот народ.