Изминатата недела санкционирани 1.018 учесници во сообраќајот

СВР Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1.018 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 45 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 74 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 44 возачи, кај 22 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 37 возачи управувале возила со над дозволената брзина, и 28 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место, изречени се 69 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 42 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 343 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување изречен е 1 прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 5 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 15 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 70 прекршоци, за сообраќаен прекршок претовар изречени се 3 прекршоци, кај 10 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 357 возила.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.