Комеморација и положување венец во спомен на починатите британски војници

Денес, делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот, Зоран Јолевски, положи венец со свежо цвеќе на британските воени гробишта во Скопје, во спомен на починатите британски војници од Првата светска војна.

На Комеморацијата на британските воени гробишта присуствуваше и делегација од Армијата на Република Македонија, како и претставници на странските амбасади и одбранбените аташеи во Република Македонија.

DSC_0122_resize

Церемонијата на британските воени гробишта каде се наоѓаат гробовите на 117 војници, е во спомен на загинатите во Првата светска војна и претставува потсетник за трагедијата на сите луѓе, војници и цивили од сите националности, кои ги изгубиле своите животи, борејќи се за мирот и слободата.

DSC_9975_resize