Изминатата недела во три одвоени случаи на криумчарење мигранти РЦ за ГР Југ до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против пет лица: Е.Н. (34) од Велес, Х.А. (29), од село Ваксинце и А.Д.(21) од село Лојане кумановско, Ј.Л. (54) од Велес и Ќ.А. (38) од село Студеничани, скопско, за постоење сомнение дека сториле кривично дело – “криумчарење мигранти“. Истовремено во овие активности откриени се 31 илегален мигрант од кои 18 од Авганистан 11 од Сирија и двајца од Бангладеш. За тројца од пријавените, Е.Н., Х.А. и А.Д. од страна на Судија во претходна постапка им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена, а на Ќ.А. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена.
Имено во првиот случај тројацата пријавени Е.Н., Х.А. и А.Д. на почетокот на месецов односно на 02 околу 19,30 часот на регионалниот пат Валандово – Богданци во близина на браната кај село Паљурци прифатиле 20 илегални мигранти (18 од Авганистан и двајца од Бангладеш) коишто потоа ги качиле во ТМВ “Мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од првопријавениот кој за превозот требало да добие 1.200 евра, додека второ и третпоријавените со ПМВ “шевролет крузе“ исто така со скопски регистарски таблички во својство на претходница или “чистачи“ се движеле пред камионот а во правец кон Куманово. При полициска контрола во близина на клучка на влез во Радовиш првопријавениот наместо да го сопре камионот продолжил да се движи по спореден земјен пат во правец кон Штип но набргу сопрел излегол од камионот и се дал во бегство но брзо е стигнат, и приведен. додека пак Х.А. и А.Д. се сопрени од полициски службеници кај м.в„ Клучка Ињево“ по што се приведени.
Во вториот случај пријавената Ј.Л. исто така на почетокот на месецов, односно на 02 прифатила шест лица од Сирија меѓу кои и лице кое наводно го познавала од Грција каде што заедно работеле во оранжерии и ги сместила во хотел во Велес (во три двокреветни соби) гарантирајќи за нив дека не се илегални мигранти и доставувајќи своја патна исправа за нивно пријавување во хотелот.
И во третиот случај Ќ.А. во близина на Гевгелија прифатил петмина сириски илегални мигранти со намера да ги донесе до Куманово и тоа со ПМВ марка “Волксваген Голф 4” со странски регистарски ознаки. Но набргу по превземањето на мигрантите УПС од ПС за БПСА Демир Капија и УПС од ПС за ГН Михајлово на автопатот во правец Гевгелија-Скопје кај Неготино се обиделе да го сопрат возилото кое наместо да застане на дадениот знак “стоп” продолжило да се движи. Меѓутоа после неколку метри сите лица од возилото излегле од него и почнале да бегаат а возилото некотролирано почнало да се враќа наназад при што било сопрено од полициски службеник пред да предизвика сообраќајна несреќа. Набргу фатени се сите лица од восилото (петте сириски и македонскиот државјанин Ќ.А.)