Градоначалникот Трајкоски покренува предлог за референдум против изградба на депонијата

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски покренува предлог за референдум против изградба на депонијата. Тој во изјава за медиумите истакна:

„Во контекст на новонастанатата ситуација, а врз основа на изготвената студија од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и големиот револт на жителите од Општина Дебрца јас како Градоначалник на Општина Дебрца, согласно мојот претходно одржан прес каде што кажав дека ќе направам се да се спречи изградбата на регионалната депонија во Општина Дебрца.

Давам предлог за покренување на иницијатива за распишување на референдум врз основа на член 28 од Законот за локална самоуправа, до Советот на Општина Дебрца, за изјасување на граѓаните од Општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија во Општина Дебрца.

Ги повикувам советниците без разлика на политичка припадност да дадат целосна подршка за дадениот предлог и донесат позитивна одлука за распишување на референдум.

Воедно барам седницата за расправа да биде закажана под хитна постапка согласно законот.“ – изјави градоначалникот Трајкоски.