Секторот за туризам и ЛЕР и канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството, во рамките на своите активности и зацртани проекти, а со цел запознавање на можностите, развојот и унапредувањето на органската храна во Република Македонија, општина Охрид организира едукативна работилница за начините за сертифицирано органско производство за сите заинтересирани лица – за воведување на ваков вид на органско производство, како и поголема достапност до крајни потрошувачи – хотелиери, угостители и останати лица. Работилницата ќе се одржи на ден 11 Ноември 2014 година (Вторник) , во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 12,00 часот.
Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната. Како систем ги зема предвид еколошките, економските и социјалните аспекти на земјоделството на локално, национално и на глобално ниво. Општина Охрид има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделско производство.
Се покануваат сите земјоделски производители, потрошувачи, хотелиери и заинтересирани лица за присуство.