Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев денеска оствари работна средба со Стојан Лекоски организатор на културната манифестација „Денови на св. Кирил и св. Методиј” што по традиција се одржува во Терхова ,Република Словачка.
Словачкиот гостин изрази огромна благодарност до општина Охрид, за вредните подароци, икони од Св. Климент и Св. Наум што таа ги подари на Терхова по повод „Деновите на св. Кирил и св. Методиј “.
Охридските икони на настанот беа поставени пред олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.
Пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града македонскиот Охрид и словачкиот Терхова ќе продолжат и во иднина.