Успешен старт на ХК Металург во хрватската инлајн лига

Хокеј репрезентацијата на Македонија во рамките на проектот клуб –репрезентација, преку хокеј клубот „Металург“, ги одигра првите натпревари.

Xрватската инлине хокеј лига, во Загреб, Република Хрватска, кои се дел од подготовките за следните квалификации за Светско првенство. Во оваа лига учествуваат 12 клубови (десет хрватски, плус Металург и ХК Партизан од Белград).

Во првиот натпревар против ХК ПИТОНИ од Загреб, успевајќи да го совладаат овој ривал со 4-2.Металург одлично го стартуваше мечот и ја доби првата четвртина со 2-1, по што славеше во вториот период со 1-0 и стигна до предност од два гола разлика. Домаќините од Загреб во третиот период се приближија на 3-2, но Металург постигна нов гол во последната четвртина и стигна до посакуваната победа, со која уште еднаш се потврдува сериозноста на овој проект.

Стрелци на головите за Металург на овој натпревар беа Зоранчо Гриовски, Јуре Внук, Давор Анастасов и Рок Симчиќ.

Во вториот натпревар против ХК КУНА забележаа пораз во хокеарската инлајн-лига откако со 5-4 (1-0, 2-0, 1-2, 1-2 по периоди). Важно е да се нагласи дека ХК куна е минатогодишниот шампион во лигата и во него членува поголемиот дел на играчите на хрватската инлине репрезентација.

Стрелци за ХК Металург на овој меч беа Боштјан Кос кој постигна три гола и Јуре Внук кој постигна еден.