Тековни активности на „Паркови и зеленило” и „Механизација”

Р.Е. „Паркови и зеленило” и Р.Е. „Механизација” работат на расчистување на речното корито на р.Сушица кај ул.Петрино и делот од бул. Туристичка накај „Алтанин мост” од вегетација и од надојден отпаден материјал. За таа цел е ангажирана градежна машина Фиат Хитачи и камиони ФАП Кипер.

Започнато е хортикултурно уредување на малиот плоштад во населбата Рача. Исто така по втор пат се врши плевење на жардинерите на ул. Железничка, а секојдевно се подигнува листот од зелените површини на булеварот Туристичка и градскиот парк.

600-450