Во полна пареа ЈП „Билјанини Извори“ се подготвува за претстојните големи спортски настани

Во полна пареа ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид се подготвува за претстојните големи спортски настани кои што следат во претстојниот период како што се: Гимназијадата, Куп на Македонија во ракомет – мажи, Светско кадетско ракометно првенство, Меѓународен турнир за сениорски репрезентации во кошарка и уште многу други спортски манифестации. По тој повод преземени се низа активности за санација и реконструкција на кошаркарските терени со поставување на нови табли и обрачи и фарбање на теренот, санација и преуредување на ложата на стадионот, средување на парковите и околината на претпријатието, извршување на тековните градежни работи на стадионот на вештачка трева и сл.

„Посебно задоволство ми причинува што Охрид како град и ние како ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид и градот Охрид сме домаќини на овој голем масовен спортски настан каде што учествуваат ученици од средните  школи  на ниво на цела држава кои се иднината на Р.Македонија. Се надевам дека дел од овие учесници во иднина ќе постанат врвни спортисти и ќе најдат дел во Националните Репрезентации на Р.Македонија.

Ние како Јавно претпријатие со организација на ваков тип на настани потврдуваме дека имаме капацитет и расположение да организираме вакви и уште поголеми спортски манифестации од национални и меѓународни рамки, се со цел што подобро да го промовираме Охрид.

Преку медиумите им посакувам на сите учесници пријатен престој во Охрид, спортски дух на терен и врвни резултати во спортовите во кои се натпреваруваат“. – изјави Ристе Мишев, директорот на ЈП „Билјанини Извори“.

ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид , со ваквиов пристап и расположение, покажува дека има капацитет и желба за развивање на спортскиот дух на охриѓани, поддржување на сите локални клубови и организирање на големи државни и меѓународни натпревари.