Зголемени активностите на екипите на „Јавна Хигиена”

Зголемени активностите на екипите на „Јавна Хигиена”. Деновиве се мети листот кој интензивно паѓа на тротоарите и коловозите.

Поради специфичноста на централното градско подрачје тоа се мети 3 пати во текот на денот при што се собираат 30-тина m3 лисја кои потоа со возила од ЈП „Охридски Комуналец“ се собираат и се носат во расадник за потребите на РЕ „Паркови и зеленило” каде се врши компостирање на истите, велат од претпријатието.