Буџетот на општина Охрид за 2014 година беше проектиран со приходи од околу 15 милиони евра. Но, поради потврлувањето на ставката заеми од кој очекуваниот кредит од светската Банка не легнa на ставката приходи, оваа година потврлиа приходите за 12,5 % ,од друга страна останатите ставки исто така потврлиле како резултат на намалените градешни активности, економската криза ги прави препазливи и приватниот секторо и населенито.
Од друга страна перманентото иселување на охриѓани од град Охрид доведува до намалена агрегатна потрошувачка. Доколку направиме некоја груба проценка, ние можеме да очекуваме реални приходи од околу 11,4 миони евра за 2014 година.
Предвидените трошоци за 2014 година се следни за плати и надоместоци се потребни околу 6,7 милони за нормално функционирање на општината и обезбедување на услови за работа и нормално работење се потребни околу 3,8 милиони евра. Ако ги собереме овие 2 ставки добиваме сума од околу 10,5 евра трошоци, да речеме дека останува 1 милион евра тие средства за што побргу да се трошат за капитални инвестиции или да се сервисира наталожени од долг на општината кој изнесува околу 50 милиони евра. Општина Охрид е во многу лоша финансиска ситуација без разлика кој е во моментот градоначалник нема простор за манипулација и за подобрување на ова ситуација на краток рок. Замислете некој претходно ја задолжил општина Охрид 50 миниони евра, а тоа значи дека секој охриѓанец должи по 1000 евра.
Нас ни останува да се надеваме и да бидеме оптимисти дека на среден рок доколку се ангажираме сите ние можеме да ја подобриме оваа лоша финансиска ситуација со претприемништовото, инвестиции во одредени бизниси, убедување на дијаспората да инвестира во Охрид во одредени бизнис и слично.
дипломиран економист Сенат Усеиноски
Генерален секретар на НВО секторот на Египќаните
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.