Спречен обид за шверц на хероин во тетрапак пакувања за сок

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на 1,2 кг хероин сокриен во тетрапак пакувања за сок.

Вчера (14.11.2014 година) околу 04:00 часот, на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус со македонски регистарки ознаки кој сообраќал на релација Истанбул Гостивар.

При детален преглед извршен од страна на царинските службеници во внатрешниот дел од автобусот, над две од седиштата пронајдена една најлонска кеса во која биле ставени два овошни сока во тетрапак пакување. Но намсето сок, во тетрапак пакувањата се пронајдени две пакетчиња наполнети со опојна дрога – хероин, облепени со селотејп трака, со вкупна тежина од околу 1200 грама.

Бидејќи ниту еден од патниците во автобусот не се пријави дека пронајдената кеса е негова, случајот беше предаден на Оддлението за истраги при Царинската управа, кои во координација со Основното јавно обвинителство – Велес го превзедоа случајот. Од преземените предистражни активности беше утврдено дека како осомичено лице се јавува 22 годишниот Н.В., македонски државјанин, патник во автобусот.

Утврдено е дека пријавениот го набавил хероинот во Турција и требало да го пренесе и предаде на Н.Н. лице од Македонија. Како организатори на шверцот со хероин се јавуваат лица од Македонија и Турција, а пријавениот бил само пренесувач на дрогата. По насоки добиени од организаторот, пријавениот пред неколку дена отпатувал за Истанбул каде се сретнал со турски државјанин кој претходно го подготвил и го сокрил хероинот во амбалажа од двата овошни сока.

Цената на хероинот со оваа чистота, на нарко пазарот би достигнала околу 30.000 евра.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а истрагата против сите инволвирани лица продолжува.

naslov15112014