Во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” вечерва се одржа хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид.
„Поранешни наши ученици и сегашни ученици добија идеја да организираат училишна забава да ги поканат учениците од другите училишта, едноставно да се знае дека нашето училиште постои, вие знаете дека тоа се формира како правен посебен субјект од први септември оваа школска година. Симобличната цена од 50 денари е со цел, децата да се дружат, а тие сакаа нешто да направат за школата, значи од нив за нив. Со средствата што ќе се соберат, дали ќе се 15 000 илјади денари или 16 илјади денари ќе се направи нешто што ќе го збогати секојдневниот престој во училиштето.“- изјави за WebOhrid, Славица Костоска, в.д директор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“-Охрид.
На настанот учествуваа хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски “–Охрид, ФА „ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл „Зарина”, музички точки со ученички од СОСУ „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ „Св.Климент Охридски” и специјални гости „The Backdoor Band”.
Ангелче Андриоски