Се уредува дрворедот на улица „Македонски Просветители“

По налог на Секторот за комунална дејност, сообраќај и улици при Општина Охрид а по претходно добиено одобрение и согласност од одделението за екологија и заштита на животната средина,денес оперативни екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, пристапија кон кастрење на гранките на дрвјата по должината на улицата „Македонски Просветители“.

Оваа акција на ЈП “Охридски комуналец“, е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по ул. „Македонски Просветители“ беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој потег од градот.

Како што нагласуваат од Секторот за комунална дејност,ваквата практика на подобрување на квалитетот на сообраќајот и уличното осветлување ќе продолжи и на други делови од општината, со единствена цел за подобрување на квалитетот во овој сегмент од општественото живеење.

kastrenje_drvoredi_4001