Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски, утре, 18-ти Ноември(вторник), во Охрид, ќе го отвори Регионалниот Семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати, кој го организира Светската организација за здравствена заштита на животните – OIE.
На семинарот, претставници од 35 земји национални контакт точк и за ветеринарно медицински препарати од Европската унија и од регионот, од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и од Регионалните канцеларии на Светската организација за здравствена заштита на животните во Софија и во Брисел, ќе разменат искуства за употребата на ветеринарно медицинските препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз храната и здравјето на луѓето.