Времена забрана за увоз на живина и живинско месо од Холандија, Германија и Велика Британија

Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, по добиено известување од Европската комисија за присуство на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија.

Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на авијарната инфлуенца (Службен весник на РМ бр. 82/2007). Станува збор за Програма која е транспонирана од Директива на Советот 2005/94 и Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Рамки на надзорот од досега анализираните примероци од угинати или заловени диви птици, живина држена во екстензивни и интензивни услови во изминатите години не е утврдено присуството на болеста во Република Македонија, а истата не е пријавена ниту во регионот.