Во 2012 година, 818.000 лица-странци се стекнале со државјанство во 28-те земји-членки на Европската унија, покажува статистиката на Еуростат.
Ова претставува зголемување од 4% во споредба со 2011 година и 6% плус во однос на 2009 година, а Мароканците и понатаму се главните приматели на ЕУ државјанство.
Во 2012 година, највисока стапка на натурализација е регистрирана во Унгарија (12,8 доделени државјанства на секој стоти жител странец), потоа следуваат Шведска (7,8) и Полска (6,6), додека најниска е во Чешка и Словачка (по 0.4), Естонија (0.6) и Австрија (0,7).
Во просек, биле доделени 2,4 државјанства на секој стоти жител странец.
Инаку, Евростат е Генерален директорат на Европската комисија лоциран во Луксембург. Неговите главни одговорности се да ја обезбеди Европската унија со статистички информации на европско ниво и да ја промовира хармонизацијата на статистичките методи низ земјите-членки на ЕУ, кандидатските земји и ЕФТА-државите.