Екипите на „Паркови и зеленило“ денеска ја продолжија акцијата за уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул. „Македонски Просветители“.
Поткаструвањето, сечењето и уредувањето на крошните од липи се реализира етапно, согласно планираната динамика. Во текот на вчерашниот ден завршено е уредувањето на потегот од „Кеј Македонија“ до „Партизанска“ , а денес се уредуваше потегот од „Партизанска“ до „Димитар Влахов“.
Со кроењето на крошните ќе се отстранат гранки кои го оневозможуваат природното вегетирање на стеблото и кои го оптоваруваат стеблото и ќе се овозможи подеднакво продирање на сончевата светлина. Со тоа ќе се создат побезбедни услови за движење на пешаците и возилата.
Акцијата се спроведува по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и според динамиката во среда ќе се уредува потегот од „Димитар Влахов„ до „Даме Груев“, а во четврток и петок ќе се поткаструваат крошните на „Македонски Просветители“ на потегот од „Даме Груев“ до „Булевар Туристичка“.