Вредна донација за детското одделение при Општата болница

Претставници од општина Охрид, предводени од претседателката на градскиот Совет, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот Ангел Јанев, присуствуваа на чинот на примо предавање на опремата што Ротари клубот од Охрид ја донираше за детското одделение при Општата Болница.

Станува збор за донација од медицинска опрема во вредност од 40 илјади евра.

Rotary_donacija_4852

Новата опрема се состои од повеќе современи медицински апарати на познати светски производители. Донацијата е обезбедена преку соработка во рамки на Ротари фондацијата на Меѓународната ротари организација и неколку ротари- клубови од Италија, Шведска и Србија.

Неодамна Ротари- клубот од Охрид преку слична акција обезбеди средства со кои беа целосно реновирани шест соби на детското одделение на Општата болница во Охрид.

Rotary_donacija_4853