Покана за учество на јавна трибина

Советот на потрошувачи на Општина Охрид во соработка со Организација на потрошувачите на Охрид – ОПО реализира одредени активности согласно Програмата за заштита на потрошувачите на Советот на потрошувачи на Општина Охрид за 2014 година (Програма), заедно во соработка со сите заинтересирани страни.

Информирање на потрошувачите за алтернативните начини за решавање на потрошувачките спорови ќе се организира во просториите на малата сала во зградата на општина Охрид со почеток во 12.00 часот.

Предвидено е да се одржат излагања на темите кои се однесуваат на примената на Законот за медијација и можноста за спогодбено решавање на споровите помеѓу потрошувачите и бизнис операторите, како и искуството на ЕУ во оваа област, согласно програмата на јавната трибина која ви се доставува во прилог.

Во реализација на семинарот треба да учествуваат претставници здруженијата на граѓани во општината – потрошувачи, стопанските комори, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и претставници од општината.