Во Тирана се одржува работна средба на ГИЗ за втората фаза на Проектот за заштита на езерата во Дримскиот Басен

Денес во Тирана започнува Планирачка работна средба на ГИЗ за втората фаза на Проектот за заштита на езерата во Дримскиот Басен. Целта е да се идентификуваат проектни активност за да се зголеми  заштитата, мониторингот, трансграничната соработка.

ГИЗ и за втората фаза одвојува средства околу 2 милиони евра за спроведување на нови активности кои ќе поддржат функционирање на прекуграничните тела, ќе го зајакнат мониторингот врз биодиверзитетот на езерата со помагање на Научните институции и ќе ја подигнат важноста за заштита на вредностите

„Отворањето на Дримскиот проект и на Биосферниот резерват отвори и врата за нови инвестиции во заштитата на вредностите на Охридското Езеро и другите езера во басенот. Планираме активности и проекти да ја засилиме интернационалната заштита на водните ресурси и вредностите околу нив“. – вели македонскиот претставник од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски.

GIZ_Drimski_Basen_Tirana_01 GIZ_Drimski_Basen_Tirana_02 GIZ_Drimski_Basen_Tirana_03