По повод Денот на албанската азбука 22-ри ноември, во Основното училиште „Братство Единство“- Охрид ќе се одржи кратка програма со неколку точки за одбележување на денот.
Програмата ќе се одржи утре, 21-ри ноември со почеток во 9.45 минути во зградата Лескајца.
„Прво ќе настапи училишниот хор со Песна за азбуката -(Kenga e alfabetit), поздравен збор ќе има директорот, Реферат за денот на азбуката, како гости ќе бидат ученици од петто одделение од македонските паралелки -песна за азбуката, како гости четвртите одделениа од турските паралелки песничка за азбуката, рецитал за азбуката-деветто одделение, ученици од третите одделени -музичка точка—празник на буквите-(Festa e shkronjave),“- информираат од училишната комисија за приредби и прослави.