Во ОУ „Братство Единство“ утре ќе се одбележи Денот на албанската aзбука

По повод Денот на албанската азбука 22-ри ноември, во Основното училиште „Братство Единство“- Охрид  ќе се одржи кратка  програма  со неколку точки за одбележување  на денот.

Програмата ќе се одржи утре, 21-ри ноември со почеток во 9.45 минути во зградата Лескајца.

„Прво ќе настапи училишниот хор со Песна за азбуката -(Kenga e alfabetit), поздравен збор ќе има директорот, Реферат за денот на азбуката, како гости ќе бидат ученици од петто одделение  од македонските паралелки -песна за азбуката, како гости четвртите одделениа од турските паралелки песничка за азбуката, рецитал за азбуката-деветто одделение, ученици од третите одделени -музичка точка—празник на буквите-(Festa e shkronjave),“- информираат од училишната комисија за приредби и прослави.