Министeрот Јолевски ги повика сите граѓани масовно да се приклучат кон акцијата „Ден на дрвото“

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија, градоначалникот на Општина Чашка, претставници од граѓанската асоцијација ,,Ден на дрвото”, од извидничкиот сојуз и од Црваниот крст, денес со засадување на првите садници во с.Папрадиште (Велешко) го означија почетокот на активностите на есенската акција „Ден на дрвото“.

По повод денешната акција која се изведува под мотото ,,Стоп за катастрофите”, министерот Јолевски во изјава за медиумите испрати порака до сите граѓани, на денот на засадувањето, масовно да излезат и заедно со припадниците на Армијата на Република Македонија да засадат дрво кое во иднина ќе значи и живот.

DSC_1595_resize

Со денешното зададување на 70-те садници на локацијста кај с. Папрадиште, заедно со граѓанската асоцијација ,,Ден на дрвото” и официјално ја започнуваме есенската акција на оваа исклучително важна акција. Нам и на младите луѓе ни останува со одвојување на мал дел од сопственото време да му покажеме и на маестро Трајанов и на целата јавност дека знаеме да бидеме хумани да се грижиме за нашата животна средина и знаеме да гледаме во иднина – додаде министерот Јолевски.

Во денешната акција со засадување на млади садници се прикличија и претставниците на медиумите.

DSC_1811_resize