На Граничниот премин Блаце запленети 188 илјади евра и 6 кг марихуана

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови вчера (21.11.2014 год), во два одвоени случаи на ГП Блаце спречија обид за шверц на 188 илјади евра и 6 кг марихуана.

Во првиот случај, вчера (21.11.2014 година) при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски ознаки, пријавено за излез од Република Македонија, кај македонска државјанка со иницијали М.Е. пронајдени се непријавени 190 илјади евра.Непријавените девизи пронајдени се во лична торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса,. Согласно Законот за девизно работење, 2 илјади евра се вратени на лицето, а останатите 188 илјади привремено се задржани.

Царинската управа, против лицето М.Е. започна соодветна прекршочна постапка.

Во вториот случај, истиот ден околу 12 часот на пладне, на граничниот премин Блаце за влез во Република Македонија пристигна патничко возило „Опел Астра“ со германски регистарски таблици, управувано од лицето В.Б (42 ), во кое како сопатник патувало и А.Ф. (28) двајцата државјани на Република Германија. Возилото било селектирано за контрола, а при преглед употребени се и царински кучиња кои индицираа присуство на дрога со гребење на внатрешноста на задните седишта под тапацирот. При прегледот на возилото, со отстранување на тапацирот од задното седиште, во фабричките шуплини пронајдени се седум паковки и тоа три од левата страна и четири од десната стрaна на возилото, наполнети со растителна материја со зелена боја и облепени со проѕирна селотејп трака, која што на тестер за наркотици НИК покажа индикации дека се работи за наркотична дрога-марихуана.

222112014

Одделението за истраги при Царинската управа го превзеде случајот и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје ги превзедоа сите мерки заради утврдување на сите факти и докази во врска со кривичното дело. Од спроведената предистражна постапка, утврдено е дека осомничените, со лице Албанец кој престојувал во Минхен се договориле да организираат и реализираат транспорт на марихуаната од Косово за Германија. На почетокот на месец ноември, истите го набавиле возилото „Опел Астра“ и пред недела дена отпатувале за Приштина каде требало да ја натоварат дрогата и да ја пренесат во Германија. Вредноста на запленетата опојна дрога на западно европскиот нарко пазар се проценува на околу 20.000 евра.

Осомничените В.Б. и А.Ф. се лишени од слобода и истите во текот на денешниот ден ќе бидат предадени во Основниот суд Скопје, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

122112014