Во центарот на Москва изгореа 12 луксузни автомобили

На еден паркинг во центарот на Москва изгореа 12 луксузни автомобили, кои му припаѓаат на ист сопственик.

Опожарените возила се од марката „Ролс-Ројс“, „Мерцедес“, „Порше“ и „Бентли“, а нивната вредност се проценува над 3 милиони долари.

Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот, а полицијата не ја исклучува можноста тој да бил подметнат.