На државниот натпревар во шах, што како дел од натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска, ученичка од шесто одделение од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија.
На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид, учествуваа ученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Григор Прличев“.