Во Охрид се одржува 15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица 2017

Од денес 18-ти јуни па се до 29 јуни, Охрид ќе биде домаќин на 15-тата Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица 2017. Оваа олимпијада ќе се одржи во хотелите Метропол и Белви. На ова престижно меѓународно натпреварување, кое претставува значаен и голем спортски настан, за прв пат се организира во нашата земја, а учество ќе земат репрезентациите на: Македонија, Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индија, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора. Ќе…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт-генерален покровител на Шаховската олимпијада за слепи

Челните луѓе на Националниот сојуз на слепи беа во посета куќата на спортот. Претседателот на националната спортска федерација на слепи Коце Димов, претседателот на националниот сојуз на слепи на Република Македонија Жарко Селковски, како и генералниот секретар на националниот сојуз на слепи Стерја Димов беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Тие со директорот Марјан Спасески разговараа околу организациските активности поврзани со претстојната Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, која од 18-29.06 ќе се одржи во Охрид. На овој настан ќе настапат околу 300 учесници од 30…

повеќе...

Одржан натпревар во шах и пинг-понг во рамки на училишната спортска лига

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг-понг. Покрај редовните натпревари се официјализира соработката со Здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ „Св.Климент Охридски“ и сите беа вклучени во денешните натпревари. Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се имплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во Сојузот за училишен спорт Охрид. Резултати од натпреварите во пинг-понг: Во женска конкуренција: 1. Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани 2.…

повеќе...

Одигран турнир во шах за основни училишта во рамки од училишните спортски лиги

Денес во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта. Во спортската сала при ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа повеќе ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците: Иван Велкоски од ОУ „Св.Климент Охридски“ прво место, второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство“ со Никола и Михаил Николовски од ОУ „Григор Прличев“, третото место го делеа учениците Михаил Рувинов од ОУ „Св.Климент Охридски“ со Антонио Достиноски…

повеќе...

Шаховската репрезентација ќе учествува на Шаховската олимпијада во Азербејџан

Шаховската репрезентација на Македонија ќе учествува на Шаховската Олимпијада (1-14 септември) во Баку, Азербејџан. Репрезентативците и членовите на стручниот штаб на шаховската репрезентација на Македонија  го најавија својот настап во куќата на спортот. Rаководството на Шаховската федерација, изјави дека Македонската машка репрезентација ќе настапи со подмладен состав на репрезентативци, кои треба полека да го градат своето меѓународно искуство имајќи ги покрај себе најдобрите македонски шахисти како велемајсторот Трајко Недев, додека пак женската репрезентација ќе ја предводат нашите најдобри млади шахистки (на возраст од 15 до 23 години), за кои овој настап е…

повеќе...

Прв Меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“

Во Скопје вчера се одржа Првиот меѓународен шаховски турнир „Шах без граници“ во чест на поранешниот шахист Тодор Митров – Тиката. На турнирот учествуваа повеќе од 200 шахисти, од кои 10 во женска конкуренција. „Иницијативата на семејството е за поздрав и тоа што успеа да собере голем број шахисти од Македонија и околните држави на еднодневен турнир. Овие турнири се прв чекор за создавање на успешни македонски натпреварувачи, кои со своите резултати можат да се стекнат со некои од стипендиите што ги доделува Агенцијата за млади и спорт. Четворица македонски шахисти…

повеќе...

Прием на европскиот шаховски вицешампион во Агенцијата за млади и спорт

Носителката на златен медал на првата табла, Антоанета Стефанова придружувана од првите луѓе на шахот во Македонија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Поводот е освоеното сребро на женскиот тим Гамбит Асеко на Европскиот клубски куп во шах кој се одржа во Скопје. „Добрата организација на Европското клубско првенство во шах уште еднаш покажа дека во Република Македонија се негува шахот и спортот воопшто и дека Македонија е шаховска Мека, но исто така е показател дека шаховските работници уживаат огромно реноме во светските шаховски кругови. Во минатото имавме…

повеќе...

Шаховските работници во официјална посета на Агенцијата за млади и спорт

Претседателот на Македонската шаховска федерација во придружба на првите луѓе на шаховските клубови како и претставникот на Европската шаховска федерација г-дин Иван Соколов, денес остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт мр. Марјан Спасески. Повод е посетата на шаховскиот велемајстор Соколов во врска со подготвеноста на Македонија за одржување на Европското клубско шаховско првенство најавено за Октомври годинава. Дискутирани беа детали околу подготовката, техничките и oрганизациони поединости, медиумското покривање како и поддршката која Агенцијата може да ја обезбеди за беспрекорно одржување на едно континентално натпреварување. Целта е…

повеќе...

Македонија – домаќин на Европското клупско шаховско првенство во 2015 година

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески оствари средба со претседателот на Европската Шаховска Федерација и заменик министер за спорт на Грузија господинот Зураб Азмајпарашвили. Тема на средбата беше организацијата на Европското клупско шаховско првенство, кое треба да се оддржи во месец Октомври 2015 година во Скопје. Спасески на средбата му ги пренесе искуствата од вложувањето во спортот и спортската инфраструктура од страна на државата, а го информираше господинот Азмајпарашвили дека Македонија во минатото била домаќин на голем број шаховски манифестации и на сите се покажала како одличен…

повеќе...

Охридските училишта учествуваа на државниот натпревар во шах

На  државниот натпревар  во шах, што како дел од  натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска, ученичка од шесто одделение од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија. На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид, учествуваа ученици од ОСУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Ванчо Николески“, ОУ „Живко Чинго“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Григор Прличев“.

повеќе...