ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници, денес во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба.
„Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем број украсни свеќички, накит од хартија и други декоративни новогодишни премети кои фасцинираат со својот оригинален дизајн. Сите предмети се изработени од рециклирани и природни материјали.“- вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.
Изработените предмети се наменети за продажната изложба која ќе биде организирана на 4-ти декември (четврток), во 18,00 часот во холот на НУ Дом на култура „Григор Прличев“, пред отпочнување на свечената приредба што је оранизира училиштето во чест на Паторниот празник.