Традиционално одбележан Денот на дрвото во ОУ „Христо Узунов“

Традиционално ОУ „Христо Узунов“, Охрид го одбележа Денот на дрвото во кругот на училиштето.

Директорот на училиштето, м-р Тони Симоноски со вработените и во присуство на преставникот на Министерството за животна средина, Дејан Пановски засадија неколку садници во дворот на училиштето и посочија на потребата за нивно одгледување и зачувување.

Истовремено на учениците им беше пренесена порака дека секое засадено дрво е симбол на иднината и симбол на доброто за својот град и својата земја.

OUHristoUzunovDrvca01 OUHristoUzunovDrvca03