Жељко Јоксимовиќ и Зоран Милески кумови на Водици 2015

Градоначалникот Никола Бакрачески денес присуствуваше на свечената седница на Здружението на граѓани „Богојавление“ на која официјално беа избрани новите кумови на Водици 2015 во Охрид, балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески.

„Празникот Богојавление Водици е не само симбол на православната вера туку во исто време е и симбол на радоста на охриѓани а неколку години наназад е симбол на радост на цела Македонија. Јас како граѓанин, како се уште актуелен кум на Водици и како градоначалник на Охрид се чувствувам гордо и почестено што денес се собравме во олку голем број со што покажавме дека празникот Богојавление Водици добива многу пошироки димензии од чествување на само еден православен и христијански празник . Знаете дека во изминатите неколку години Локалната самоуправа заедно со здружението “Богојавление“ има активно учество во проширување на значењето на празникот во однос на негово омасовување. Овој празник битно влијае во збогатување на туристичката понуда на Охрид . Богојавление- Водици е еден од препознатливите обележја на градов , празник кој е посетуван од голем број гости и туристи не само од Република Македонија туку и од соседните и подалечни земји,“ рече градоначалникот Бакрачески.

Бизнисменот Зоран Милески кој е еден од новоизбраните кумови на манифестацијата и кој присуствуваше на свеченоста изрази благодарност за укажаната чест и најави дека заедно со балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ ќе ја продолжат убавата традиција на кумство за празникот Водици во Охрид.

Јас како дете имам скокано по крстот. Веќе четири години нанзад конкурирам за кум на Водици и почестен сум што денеска го добив конечно кумството за празникот Богојавление заедно со мојот пријател Жељко Јоксимовиќ. Посакувам многу здравје и среќа за моето семејство“.-рече новоизбраниот кум Милески.

Предавајќи го кумството, Градоначалникот и се уште актуелен кум на Водици, Никола Бакрачески истакна дека со изборот на Зоран Милески и Жељко Јоксимовиќ, празнувањето на Водици во Охрид ќе добие интернационална димензија, што ќе придонесе за уште поголема промоција на културните вредности и традиции на градот надвор од границите на нашата земја.

„Се надевам дека во иднина Охрид за празникот Водици ќе биде се повеќе посетен од странски гости и дека во 2015 ќе имаме рекордна посетеност“, истакна градоначалникот Бакрачески.

Празникот Водици во 2015 за прв пат ќе се одбележува четири дена со богата културно забавна програма, која допрва ќе биде дефинирана.

Kumovi_Vodici_2015_48853