Усвоена одлуката за изработка на фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2015 година

Советот на општина Охрид на денешната седница ја усвои одлука за изработка на нацрт фискална стратегија и развојни програми за 2015 година. Усвоените развојни програми ги одразуваат потребите на граѓаните на Охрид, односно суштиснките, есенциалните и приоритетни потреби на градот.

Јас лично сметам дека програмите се квалитетно изработени и ги одразуваат потребите на граѓаните. Понатака следува процес на јавна расправа каде што се вклучуваат сите субјекти на градот во креирање на дефинитивната верзија на програмите,“- изјави градоначалникот Бакрачески, кој додаде дека сите граѓани и субјекти од градот можат да се вклучат со свои предлози за одредени дополнувања, измени и сугестии во расправата за овие програми која ќе трае 15 дена и некаде пред крај на годината ќе бидат донесени дефинитивните верзии на развојните програми и буџетот на општина Охрид.