Проект за подобрување на општинските услуги

Преку кредит добиен од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), општина Охрид дел од добиените средства ќе искористи за набавка на специјални комунални возила. За таа цел, општина Охрид распишува повик за понуди од подобни и квалификувани понудувачи.

Повик за понуди

Република Македонија

Проект за подобрување на општински услуги – МСИП
Заем бр. 8158-MK

MSIP-ICB-012-14

1. Повикот за поднесување на понуди согласно Општиот регистар за набавка за овој проект кој се појавува во Развојот на бизниси, издание бр. 767, од 31 јануари 2010 година (печатено издание) и објавено он-лине на 06 јануари 2010 година.

2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за набавка на специјални комунални возила за општина Охрид- MSIP-ICB-012-14.

3. Општина Охрид ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за набавка и транспорт на: 2 (две) возила за собирање на цврст отпад со капацитет од 3 м3 секое; 1(едно) возило за собирање на цврст отпад со капацитет од 9 +1 м3; 1(едно) возило за собирање на цврст отпад со капацитет од 16 +1 м3; 1 (една) хидростатична машина за чистење на улици (електричен тип).

4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за меѓународно јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од ИБРД Заеми и ИДА Кредити, (јануари 2011) и е отворен за сите понудувачи од квалификуваните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5. Заинтересираните понудувачи можат да добијат дополнителни информации и увид во тендерската документација од: Александар Најдовски на адреса: Луј Пастер бб, 4-ти спрат, канцеларија бр. 64, Град Скопје, 1000, Република Македонија, од 8.30ч до 16.30ч не подоцна од 31 декември 2014.

6. Условите кои треба да се исполнат за квалификација вклучуваат:

(а) Финансиска способност
Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следните финансиски услови: годишен обрт од најмалку 1.500.000,00 ЕУР во било која од пелседните 3 години.Ако понудувачот е во Заедничко Вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ заедно треба да го исполнат горенаведениот услов. Главниот носител на ЗВ треба да исполнува минимум 60% од горенаведените кваливикациски услови.

(б) Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следните услови:

1. Понудувачот треба да достави документиран доказ за најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните пет (5) години, за набавка на најмалку 5 возила вкупно со слични карактеристики како предложените добра. Ако понудувачот е ЗВ, сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични добра.

3. Понудувачот треба да достави детален допис на продажба на услуги и резервни делови на располагање во земјата на набавувачот за стоките понудени во понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на набавувачот, Понудувачот треба во понудата да достави писмена потврда дека ако тој е успешен тој ќе биде преставен од страна на агент на земјата на набавувачот, како што е назначено во клаузулата ИТБ 17.1 (б) и БДС ИТБ клаузула 17.1 (б). Ако како понудувач е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван Агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот. Неможноста за доставување на ваков доказ преставува доволна основа за поништување на Договорот. Во тој случај Набавувачот може да го додели договорот на следнорангираниот квалификуван Понудувач, како што е назначено во ИТБ клаузула 40.2.

(в) Понудувачот да достави документ со кој се докажува дека понудените производи понудени ги исполнуваат следните услови:

1.Понудувачот да достави технички карактеристики согласно Спецификацијата за технички карактеристики за понудените посебни општински возила, каталози и фотографии од возилата.

Давањето предност на понудувачи на стоки од домашно производство не се применува. Повеќе детали околу условите за квалификација се дадени во тендерската документација.

7. Комплетната тендерска документација на англиски јазик заинтересираните понудувачи може да ја купат со поднесување на писмена апликација на долунаведената адреса: Општина Охрид, Димитар Влахов, соба бр. 57, 6000, град Охрид, Македонија и по плаќање на неповратен надомест од 50 ЕУР или во противвредност во македонски денари (МКД), согласно продажбата на девизниот курс на Народна Банка на Република Македонија во денот на исплатата.

За плаќање во денари

Народна Банка на Република Македонија
Општина Охрид
Трезорска сметка број: 100000000063095
Буџетски корисник на сметка : Општина Охрид :752014061463010
Приходна сметка : 724125 00
За плаќање во ЕУР

Податоци за банката :
Deutsche bundesbank zentrale
Адреса:Wilhelm Epstein strasse 14
Frankfurt am Main
Germany
SWIFT BIC:MARK DE FF

Податоци за банката:
НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Адреса:
Бул „ Кузман Јосифовски Питу„ бр.1
1000 Скопје
Македонија
SWIFT BIC:NBRM MK 2X

Краен корисник :
IBAN: MK07 1007 0100 0068 167
Име: Општина Охрид

Тендерската документација ќе се испрати во електронска и печатена копија преку ДХЛ на адресата која понудувачите ќе ја наведат во писмената апликација.

Понудите мора да бидат доставени на долунаведената адреса: Општина Охрид, Внимание: Тони Ивановски Адреса: Димитар Влахов, соба бр: Архива, 6000 Охрид, Република Македонија не подоцна од:

12:00ч (локално време) 16 јануари 2014 година

Сите понуди мора да бидат придружени со банкарска гаранција на понудата од не помалку од 13.500,00 ЕУР. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставниците на понудувачите кои ќе присуствуваат на долунаведената адреса: Општина Охрид Адреса: Димитар Влахов, соба бр: конференциска сала, 6000 Охрид , Република Македонија.

12:00ч (локално време) 16 јануари 2014 година.