Утре акција за зелен отпад „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 6-ти декември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“.

„Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.“– информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека, во календарската 2014 година останува да се реализира уште акцијата за зелен отпад на 13-ти декември во У.З.14 „Радојца Новичиќ“.