Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексадар Николоски од утре, 10-ти до 12-ти декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права.
На Мониторинг комисијата, Николоски ќе учествува во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските превземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, пост-миониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгедува и актуелната состојба во Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Молдавија. На маргините на состанокот, Николоски ќе ги информира членовите на Мониторинг комисијата за актуелната состојба во Република Македонија и за активностите на Собранието и на Владата.
Пратеникот Николоски ќе учествува и во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права во чии рамки ќе се одржат и неколку тематски расправи, како ефикасноста на Европската конвенција за човекови права, заканите за владеењето на правото во земјите членки на Советот на Европа, а предвидено е да има и размена на мислења со членови на граѓанското општество на тема предизвиците за човерковите права во Европа.