Првачињата од основните охридски училишта се вклучија во неделата за забоздравстевна заштита што Црвен Крст –Охрид под мотото „Здрава насмевка- среќно детство“ ја одбележува од 8-ми до 15-ти декември.
По тој повод денес во Основното училиште „Св. Наум Охридски“ во село Пештани, како и во подрачните училишта во селата Коњско и Елшани , д-р Кристина Стојаноска – Алоска одржа предавање и презентација за важноста на трајните заби. Младите се едуцираа за правилна нега на забите и подигање на нивото на орално здравје.
Проектот најпрво ќе се реализира во основните училишта во руралните средини по што ќе бидат опфатени и најмладите од основните училишта во градов.