Вредна донација за охридските пожарникари

Единицата за противпожарна заштита од Охрид, денес доби вреден подарок, противпожарна опрема од Противпожарната единица од градот Лутербах- Швајцарија. Во донацијата која изнесува 35 до 40 000 евра во денарска проти вредност спаѓаат 13 комбинизони за заштита од пожар , 31 јакна , 32 пара панталони, 19 гуртни, 56 паботни комбинизони, 5 жолто –сини јакни, 37 пара нараквици за заштита од пожар и 9 сини јакни за заштита од пожар.

Командирот и заменик командирот на Противпожарната единица, Спасе Прентоски и Горан Маркоски , се заблагодарија за вредната донација која како што велат битно ќе придонесе во поуспешно и побезбедно реализирање на работните задачи.

„Изразувам голема благодарност за оваа донација, нас како оперативни работници истата ни значи многу во личната заштита и поуспешна интервенција во поглед на брзината, квалитетот, самозаштитата и интервенирањето на лице место“, истакна Прентоски.

Верувам дека оваа донација ќе го подобри работењето на Охридските пожарникари во справување со пожарите и техничките интервенции што ги имаме на подрачјето на нашата Општина“, вели Маркоски.

Донацијата се реализира преку охриѓанецот, Лазо Јованоски кој заедно со блиски роднини во Швајцарија иницирале истата да се добие што побрзо

„Посакувам, пожари да има што помалку а тоа значи и оваа опрема што помалку да се користи. Донацијата се реализира спонтано. Мојот зет како командир во противпожарната единица во Лутербах, се заложи оваа опрема да биде доделена за нашите пожарникари“ , истакна Јованоски.

Се очекува соработката меѓу противпожарните единици од Охрид и Лутербах , да се интензивира и во иднина. Во моментов охридската противпожарна единица најмногу потреба има од противпожарни црева.

pozarna_donacija_4001 pozarna_donacija_4002