Измена на царински давачки во рамки на квота за четврт квартал 2014 година

Поради целосното искористување на количината на квота во четвртото тромесечие од 2014 година од Европска унија за тарифен број 0701 90 90 од Анекс IVб објавено во Службен весник на РМ број 98 од 2014 година, каде царинската стапка во рамки на квота е слободно, има промена на царинските давачки во рамки на квота.

Почнувајќи од 13.12.2014 година на располагање е квотата за тарифен број 0701 90 од Анекс IVв каде царинска стапка за стоките кои се распоредуваат во тарифните ознаки 0701 90 10 00, 0701 90 50 00 и 0701 90 90 00 во рамки на квота изнесува 50% од МФН.