Кривично пријавен бугарски државјанин кој сакал да прокриумчари 11 сириски илегални мигранти

РЦ за ГР Југ, односно од страна на ОПКМСР во Гевгелија против лицето К.К. (33) бугарски државјанин поднесе кривична пријава за сторено кривично дело – “криумчарење мигранти“ по член 418-б ст.1 вв ст.2 од Кривичниот законик на РМ.

Имено, завчера (12.12.) во 09.05 часот на ГП Богородица при влез во Р.Македонија во ТМВ „Мерцедес 814“ со бугарски регистарски таблички сопственост на „ВЕДА“ ООД од Плевен, Р.Бугарија, управувано од пријавениот, при извршена контрола од полициски службеници во содејство со царински работници при детална контрола во специјално направен простор (бункер) во товарниот простор на ТМВ откриени се 11 државјани на Сирија на возраст од 35 до 18 години со намера да бидат превезени до Србија.

Од страна на кримтехника од ПС Гевгелија е извршено фотодокументирање на настанот и мигрантите, а лицето е приведено во просториите на ПС за ГП и ГН Богородица и е извршен информативен разговор со истиот, поучен за своите права. сириските мигрантите се сместени во Прифатен центар во Скопје. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен Суд Скопје на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.