Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,5 денари, додека дизелот поевтинува 4 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4 денaри по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 65,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС98 67 денари по литар.
Новата цена по која од ноќеска на полноќ ќе се точи литар дизел гориво ќе биде 56 денари.