По усвојувањето на нацрт фискалната стратегија и развојните програми за 2015 година на 33 седница на советот на општина Охрид, граѓаните и сите субјекти ќе имааат можност во петок, 19 декември 2014 година, да учествуваат во јавната расправа по истите. Како што истакна градоначалникот Бакрачески, дефинитивната верзија на програмите ќе биде со печат од граѓаните на Охрид. Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 13 часот.