Градоначалникот Бакрачески будно го следи украсувањето на градот

Градоначалникот Бакрачески во рамки на денешната обиколка на локациите каде се изведуваат инфраструктурни зафати беше и во централното градско подрачје за да се увери како течат завршните подготовки за предновогоднишно украсување на градот. Воедно ги посети ново поставените тезги за продажба на новогодишни реквизити и попатно оствари повеќе непосредни средби со граѓаните.