Делници од пруги и почеток на гасификациска мрежа дел од приоритетите за 2015

Наредната година ќе почне изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија. То е делницата од Клечовце до Крива Паланка. Пред два дена склучивме договор за реконструкција на пругата од Битола до Кременица. Во 2015 година очекуваме да почне и изградбата на гасоводниот крак до Штип со што ќе почнеме со изградбата на националната гасификациска мрежа, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тој одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локален пат во прилепско и повеќенаменско игралиште во прилепската гимназија, истакна дека има повеќе приоритетни проекти во патната и железничката инфраструктура во наредната година.

„Работиме врз база на четиригодишна програма. Проектите што ги напоменав се само дел од она што е планирано. Наредната година треба да почне и изградбата на брзиот пат од Градско до Прилеп што е значајно за овој регион“, рече Јанакиески.

Во 2015 година, додаде тој, треба да се заврши и проектот за локални патишта.