Дури седум ученички од основно училиште од едно мало место во Бих забремениле за време на петдневната екскурзија.
Проблемот со малолетничката бременост во БиХ од година во година е се поизразен, но шокантни се и податоците за зголемувањето на бројот на девојчиња кои се сексуално активни на возраст од 13 до 15 години.
Според податоците на Клиничкиот центар во Сараево, само изминатата година се породиле 31 малолетнички: четири на 15 годишна возраст, десет на 16 годишна возраст и 17 на 17 годишна возраст.
Најголемата причина за тоа што децата имаат сексуални односи на 13 или 14 години се наведуваат негрижата од страна на родителите, но и од образовните институции кои треба да придонесат за нивно воспитување, бидејќи сексуалните односи на таа возраст подоцна имаат низа последици како што се стерилитетот, разни болести, спонтани абортуси и предвремени породувања.